ЛДП преку соопштение најави дека го поддржува т.н. консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, за претседател.
Оваа одлука ја донесоа членовите на Извршниот одбор на вечерашната седница.
– За Либерално–демократската партија од исклучителна важност е Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини сите нејзини граѓани, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, но и претседател кој ќе промовира заедништво, стабилност и реформски капацитет во државата. – стои во партиското соопштение.
Тие наведуваат дека во овие историски моменти за нашата држава поважно од кога било е да се обединиме и заенички да градиме економски развиено, стабилно и просперитетно општество.