Македонија 28. февруари 2021. / 17:06

Латас: Власта влезе во релативизирање на идентитетот, а Бучковски и Георгиевски се портпароли на Бугарија

Латас: Власта влезе во релативизирање на идентитетот, а Бучковски и Георгиевски се портпароли на Бугарија

Новинарот Драган Павловиќ – Латас во објава на фејсбук пишува дека составот на актуелната власт, свесно влегла во релативизирање на идентитетот со самото тоа што за него се преговара.

Латас смета дека сериозен проблем е што двајцата поранешни премиери, Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски, тврдат дека Македонија е нација без минато, култура и јазик без традиција.

– Имаме сериозен проблем, двајца поранешни премиери, Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски кои, заедно, свесно ја загубија војната во 2001-ва и унитарноста на државата се портпароли на Бугарија кои тврдат дека Македонија е нација без минато, култура и јазик без традиција, пишува Латас.

Составот на сегашната власт, додава новинарот, свесно, влезе во релативизирање на идентитетот со самото тоа што за него преговара. Според него, како што пишува, засега, јавно и без задршка, во одбрана на идентитетот од поранешниот државен врв се само Бранко Црвенковски и Ѓорѓи Иванов, заедно со Максим Димитревски и Христијан Мицкоски.

-Гласањето на избори не е време и место за инает и лечење лични фрустрации, туку определување иднина за себе, во секоја смисла. Гласањето за инает и создаде ваква ситуација. Секој за себе знае колку им помогнал со својот глас на оние кои сега ги носат во неизвесност, и колку има лична одговорност, пишува Драган Павловиќ – Латас.

Имаме сериозен проблем, двајца поранешни премиери, Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски кои, заедно, свесно ја загубија…

Posted by Драган П. Латас on Sunday, February 28, 2021