Македонија 14. февруари 2020. / 17:31

Лашкоска: Десковска е водач во носењето на неуставни закони

Лашкоска: Десковска е водач во носењето на неуставни закони

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкова од собраниската говорница, каде се расправа за Законот за Јавното обвинителство, ја обвини министерката за правда, Рената Десковска дека е водач во носењето на неуставни закони.

– Министерката за правда никако не работи според Уставот и законите, таа реши да си ја уништи својата кариера со тоа што кажа дека биле технички грешки во законот, всушност има суштински промени во законот. Им иде казната од народот за целата штета што ја направија. Еве повикувам да побараат јавна расправа и за другиот закон за ЈО има два закони за Јавно обвинителство, овој и тој пред неколку месеци. Овој зкон за ЈО нема да важи за Заев. Со поддршката на овој закон на тој што е во кома сте се согласиле да му дадете кислород. Повикувам да се каже која забелешка е дадена од експерт во законот. Престанете со силување со Уставот во Собранието и ова малку што остана во Македонија ќе го снема, рече Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.