Македонија 13. август 2019. / 19:29

Ларис Гајзер: Имам уште информации, за неколку дена ќе ја објавам целата приказна

Ларис Гајзер: Имам уште информации, за неколку дена ќе ја објавам целата приказна

Како што веќе реков во денешното интервју за Радио Каподистриа, еве ви потврдувам дека и натаму работам на делови од оваа истражувачка приказна за да го склопам мозаикот. Пред да ја објавам целата финална приказна морам да бидам сигурен дека сите сведоци се безбедни, изјави за МКД.мк Ларис Гајзер, новинарот на „Ла Верита“.

Прво, морам прво да бидам сигурен во сите докази што ги поседувам и да ја завршам приказната. Ова е чисто истражувачко новинарство. Не знам уште колку денови ќе ми требаат, ама можам да кажам – неколку. Но, ако сѐ биде потврдено, ќе биде вознемирувачко и ќе предизвика силни турбуленции. Она што ми е најважно е луѓето да бидат безбедни пред објавувањето. Откако ќе објавам сѐ, ќе бидам подготвен да дадам и дополнителни коментари и податоци – вели во изјавата за МКД.мк новинарот Гајзер.

По објавувањето на снимките на интернет страницата на италијанскиот весник „Ла верита“ се отворија сериозни сомневања за замешаноста на специјалната обвинителка Катица Јанева во рекетерската мрежа на Бојан Јовановски и бројни македонски бизнисмени, а очигледно со знаење и најверојатно со директна помош на истакнати македонски политичари од власта.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.