Учебната година почна за кого како. Мал дел од учениците почнаа со физичка настава, додека според податоците на МОН 80% од учениците следат он лајн настава.
Како резултат на ваквата состојба, голем дел од родителите се приморани од свој сопствен буџет да им обезбедат комјутери на своите деца. Но, семејствата се соочија со друг проблем. По продавниците за бела техника, комјутери со нормални цени нема ни за лек.
Екипата на Економски Лидер направи обиколка низ поголемите маркети за бела техника, но одговорот секаде беше ист- комјутери нема, а најевтините се од 500 евра па нагоре.
Во разговор, продавачите во маркетите за бела техника ни кажаа дека комјутерите и лаптопите им се потрошиле многу брзо.
Нема да ви се верува ама леб да беше немаше да се потроши толку брзо. И производителите не можат да постигнат, бидејќи поради состојбата со пандемијата има голема побарувачка за компјутери во цел свет. Учениците следат настава онлајн, а голем дел од фирмите работат од дома па поради тоа и сите резерви се исцрпени, велат од еден ПС маркет во градот.
Дополнителен проблем во целата он лајн настава се и децата од социјално загрозени категории , чии родители неможат да си дозволат да купат ниту еден, а камоли поголем број комјутери.
Од тука се поставува прашањето дали намерно или од незнаење се создава криза со недостаток на комјутери!?
Ако се поизвесна беше он лајн настава, зошто Владата со трговските оператори не договори поголема набавка на ваква опрема?
Зошто до април, како што изјави премиерот Заев, ќе се чека за набавка на комјутери за децата од социјално загрозените семејста?
Дали ова значи дека државата е на некого мајка, за други маќеа и нели сме едно општество за сите…