Македонија 07. декември 2018. / 14:14

Лакомоста за државни пари ги смири Жан Митрев и Владимир Чадиковски

Лакомоста за државни пари ги смири Жан Митрев и Владимир Чадиковски

Доктор Владимир Чадиковски, кога беше прв човек на Одделот за Детска кардиохирургија при клиниките во кампусот „Мајка Тереза”, говореше дека интервенциите на кардиохирургија, каде се третираат деца со вродени срцени мани, ги прави стручен тим, во кој има домашни и странски лекари со соодветни лиценци и знаење. Сега, Чадиковски премина да работи во Клиниката „Жан Митрев”, со која министерот за здравство Венко Филипче склучи јавно приватно партнерство за детските операции. Доктор Митрев, пак минатата година, изрази сомнеж за Детската кардиохирургија, поставувајќи прашање колку од децата што се оперираат таму, остануваат живи.

Доктор Чадиковски во интервјуто дадено оваа година, во април, одговара директно на прашањето „познат кардиохирург во земјава, сопственик на приватен кардиохирушки центар, вели дека од Детската кардиохирургија „живо дете не излегло“, како ја коментирате таа изјава?“.

-Колегата не ја научил првата лекција која се учи на Медицински факултет, за етиката и за колегијалноста, а сега гледам дека му е и доцна да ја научи. Јавно да напаѓате колеги дека убиваат деца – тоа надвор од секој здрав разум! Би му поставил неколку прашања. Зошто договорот со Фондот за здравство му е да оперира деца над 1 година и над 10 килограми кога 90 од сите срцеви аномалии се под 10 килограми и под 1 година? Зошто дозволил до 2013 гододина, кога почна во земјава проектот за детска кардиохирургија да заминат на лекување во странство 650 деца, ако се занима со детска кардиохирургија? – одговара Чадиковски на прашањето.

По овие изјави на докторите се отвора прашањето што им е во прв план? Јавноста се сомнева дека лакомоста за државни пари ги смири двајцата доктори.

Инаку на почетокот на овој месец беше објавено дека интервенциите на деца со најтешки срцеви мани кои до сега се изведуваа на Клиниката за дестка хиругија и надвор од државата, од идната година ќе се извршуваат во болницата Жан Митерев. Се работи за јавно приватно пратенрство, а трошокот ќе го сноси Фондот за задравство.