Поранашната пратеничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска, смета дека монтажната болница која со денови ја промовираат скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска е само за нејзина лична промоција.
При времено затворена и празна зграда на стоматологија веднаш до инфективна, веројатно единствено за да се слика Шекеринска два-три дена, беше неопходна монтажна болница во болница, напиша Куновска.