Софија Куновска, оценува дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, е најсериозен и најпристоен политичар во Македонија.
Ако се ослободиме од субјективизми, комотно може да заклучиме дека во овој момент најсериозен, најпристоен и најодговорен активен учесник во политичкиот живот во Македонија е г-дин Талат Џафери.
Нема гафови, функцијата ја обавува со потребната количина на достоинство. Има почит кон сите членови на Собранието, но особено кон јавноста и кон граѓаните. Нема испади на нескромност и афери за корупција. Сосема доволно – оценува Куновска на Фејсбук.