За тоа како владејачката СДСМ се справува со случајот “Рекет“ на својот Фејсбук профил регира поранешната пратеничка на СДСМ и актерка, Софија Куновска.
СЕ МОЛАТ БРАЌАТА СДСМОВЦИ ДА НЕ ПРАВАТ ВМРОВСКИ РАБОТИ.ПР тимот на СДСМ волку ли смисли по повод целава сапуница.Кој со кого се гледал?! Притоа тие што се гледаат ниту ги плаќаме ниту е забрането да се гледаат. Аут оф фокус или магла по нашки. Не се држат пресови за опозиција туку се покренуваат соодветни постапкин ако некој прави нешто недозволено, драги мои, напиша Куновска.