Македонија 01. април 2020. / 14:54

Куманово одново бара од Владата градот да биде ставен во карантин

Куманово одново бара од Владата градот да биде ставен во карантин

Општина Куманово и денеска, на 17-от состанокот на општинскиот штаб за заштита и спасување, побара од Владата да прогласи кризна состојба во Општината и да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови.

Општинските власти досега на неколку пати од Владата бараат градот да биде ставен во каранти. Од вчера одново се актуелизираше барањето откако министерот за здравство соопшти дека најголемиот број од 44 новозаразени се од Куманово.

Иако беше прашан – колкав треба да биде бројот на заразени во Куманово да прогласи целосен карантин, Филипче повторно рече дека треба да почекаме уште неколку дена. Пред неколку дена и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски побара карантин за градот.

Денеска бројот на ново заразени во Куманово изнесува 7 лица.