Јавното претпријатије „Чистота и Зеленило“ – Куманово, да изврши дезинфекција во влезовите на зградите и ходниците, општинскиот кризен штаб му препорача на ова претпријатие да ги затвори капелите и во наредниот период погребувањето да се врши на самото гробно место.
Ова се дел од препораките кои ги достави општинскиот кризен штаб на денешниот осми по ред состанок за преземање мерки и активности од ширење на болеста COVID-19.
Штабот бара од Владата да донесе препорака (одлука) за воведување карантин на територијата на Општина Куманово, со поставување на контролни пунктови од страна на МВР на секој влез и излез во градот, на кои воедно ќе се врши контрола и соодветна дезинфекција на сите возила и патници, кои влегуваат во Куманово.
Исто така, од Владата бара да обезбеди поголем број на тестови од вирусот COVID 19 и да отвори повеќе пунктови за тестирање на лица, да го зголеми полицискиот час во времетраење од 18:00 до 06: 00 часот. Општината Куманово треба да обезбеди четири возила на СВР Куманово за нивни потреби, по претходно доставено барање од нивна страна.