Општински штаб за заштита и спасување од Куманово побара од Владата да ја разгледа и измени Уредбата за носење заштитна опрема со која е предвидена казна во висина од 20 евра за физичките лица за неносење на заштитна маска на отворено.
Наместо тоа ОШЗС на Куманово бара истата санкција да биде заменета со опомена и содветна казна со општествено корисна работа.
На седница на кумановскиот општински штаб за заштита и спасување, донесена е и одлука да се дозволи организирање и одржување музички концерти на отворен простор на градскиот плоштад и пред платото на НЦУК „Трајко Прокопиев“ за време на траење на полицискиот час, за кои заинтересираните културни институции, здруженија и групи ќе доставуваат предходно барање до ОШЗС и ќе ги почитуваат мерките и препораките на Владата и ОШСЗ Куманово.