Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски и директорот на Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, Мартин Вучиќ со цел заедничко делување во јакнење на меѓусебната соработка, како и унапредување на соработката и заедничкиот настап пред странски туристички пазари, денес во канцелариите на АППТ беше потпишан Меморандум за соработка.
Поаѓајки од потребата да се постигне поголема промоција на туризмот, духовното и материјалното наследство на Македонија во рамките на државата и надвор, создавање подобри услови за странските и домашните туристи, создавање нови форми на промоција, собирање, негување и чување на македонските традиционални вредности, зголемена поддршка и взаемно дејствување, како и подобри услови за заедничко делување, со здружени сили, заедно ќе стремиме кон остварување на целите, промовирајќи ја македонската духовна и материјална култура на меѓународно ниво.
Богатиот македонски репертоар на песни и игри, како и збирката на автентични традиционални инструменти и носии, ќе бидат чекор поблизу до домашните и странските туристи!
Истите ќе бидат промовирани на интернационалните саеми за туризам, како и збогатување на промоцијата при организирање на денови на мекедонски туризам во странство, организирани од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Зајакнета промоција на македонски народни игри и песни ќе се одвива преку социјалните медиуми и интернет портали на странски пазари.