Општинскиот кризен штаб на Куманово бара од Комисијата за заразни болести во министерството за здравство да направи пресек на состојбата во кумановската Oпшта болница за бројот на позитивни случаи во болницата по одделенија и да даде свое видување за функционалноста на капцитетите на болницата во овие околности.
Од Министерството за надворешни бараат список на лица од Куманово кои ќе се вратат во државата, а од владиниот кризен штаб бараат да назначат лице од МТСП кое ќе се вклучи во работата на општинскиот штаб.