Македонија 05. август 2019. / 22:30

Кривично да одговара градоначалникот на Сарај бара антикорупциска комисија

Кривично да одговара градоначалникот на Сарај бара антикорупциска комисија

Кривично да одговара градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за тоа што дозволил нелегални градби на Матка, бара антикорупциска комисија. Според комисијата, градоначaлникот, требалo и моралo да ги одбие барањата за легализација на дивоградбите, но тој упорно ги држел во фиока не постапувајќи по нив.

Кога едно барање за легализација ќе влезе во општината, тоа всушност влегува во процес. И сега злоупотребата е токму тука, да се чува тоа барање, да не се одговара, да се остави во една латентна состојба. Градоначалникот ги имал сите законски основи и можности, да одговори на барањето и да каже овој временски објект не може да се легализира. На тој начин им отвора можност на надлежните институции, на инспекторатите, итн., да си ја вршат својата работа и да ги отстранат дивоградбите, објаснува претседателката на комисијата Ивановска.

Од таму предлагаат до Владата да се прогласи Матка за „споменик на природата“ и да се постават надворешни граници.