Македонија 30. декември 2019. / 21:40

Кривичниот суд одреди куќен притвор за четири лица, a полицијата и натаму трага по Теофиловски

Кривичниот суд одреди куќен притвор за четири лица, a полицијата и натаму трага по Теофиловски

Кривичниот суд одреди куќен притвор за четири лица, а на едно лице му определи мерки за претпазливност односно забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на пасош и обврска да се јавува во судот, пренесува A1.on.mk.

Зоран Теофиловски кој е член на Судскиот совет, како и осомничен во случајот на Обвинителството за организиран криминал и натаму е недостапен за органите на прогонот. Сите се сомничат дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, поради противправна легализација на градежно земјиште со површина од 4.410 метри квадратни во Тетово.

„Судија на претходна постапка донесе решение со кое на 4 лица им определи мерка куќен притвор, додека на едно лице му определи мерки на претпазливост односно – Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и Обврска за јавување на службено лице во судот“, соопштува судот.