Македонија 07. април 2020. / 21:52

Кривични пријави за повеќе од 500 лица коишто не ги почитувале мерките за заштита

Кривични пријави за повеќе од 500 лица коишто не ги почитувале мерките за заштита

Јавното обвинителство досега поднело кривични пријави против повеќе од 500 лица за непочитување на мерките за спречување или сузбивање на епидемијата на Ковид-19.

Само во Скопје се пријавени 178 лица кои не ги почитувале пропишаните мерки. Пријави се поднесени и за граѓани на Дебар, Прилеп, Битола, Куманово, Струмица, Гостивар, Тетово, Гевгелија, Кавадарци, Делчево, Радовиш, Берово, Свети Николе, Штип, Охрид, Кичево, Струга и Кочани.

Збирната информација за поднесените пријави, објавена на веб страницата на Јавното обвинителство, се однесува на периодот од 17 март до 7 јули и секојдневно се ажурира.