Македонија 30. мај 2018. / 14:36

Кривична пријава против вработени во охридската општа болница, наплатиле фактура за сервисирање на нов апарат

Кривична пријава против вработени во охридската општа болница, наплатиле фактура за сервисирање на нов апарат

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична против О.Л.(49) од Струга, поранешен шеф на отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗО “Општа болница”- Охрид и против М.К. (58) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во текот на 2014 година првопријавената, како шеф на отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗО “Општа болница”- Охрид, издала налог за исплата на фактура за сервисирање на нов апарат-колоноскоп, и покрај тоа што гарантниот рок не бил поминат, додека второпријавената, како финансиски директор на ЈЗО “Општа болница”- Охрид, и покрај тоа што знаела за гарантниот рок, дозволила да биде исплатена фактурата за сервисирање на апаратот.

Со ова пријавените и нанеле материјална штета од 57.947 денари на ЈЗО “Општа болница”- Охрид. Исто така, во текот на октомври 2016 година првопријавената, од фирмата “Уни Медикал” набавила апарат – електрокаутер – за вредност од 3.000.000 денари, иако истиот имал вредност од 900.000 денари, додека тендерот за набавка на наведениот апарат, првопријавената го распишала во март 2017 година.