Речиси 5.000 денари за еден тест за корона вирус се наплатува од страна на државата, односно од Буџетот, за тестирање на граѓаните од Ковид-19, реагираат граѓани кои ги добиле тестовите за корона вирус, пишува А1он.
Ова е цената што јавно ја објавија и на социјалните мрежи оние што ги добиле резултатите од тестовите преку центарот за јавно здравје.
Ова значи дека тестовите за корона вирус во државната лабораторија се речиси трипати поскапи од тестовите во Клиниката „Жан Митрев“ каде чинат 1.500 денари и четирипати од тестовите во клиничката болница „Аџибадем Систина“ каде тестовите ќе се наплаќаат по 1.200 денари.
Разликата е во тоа што во приватните клиники пациентите плаќаат од свој џеб, а во државна лабораторија тестот за осигуринеците е бесплатен, но Министерството за здравство, според документите постирани јавно на социјалните мрежи, за тестовите му фактурира на ФОндот за здравствено осигурување по 4.950 денари.
Целиот текст можете да го прочитате на проталот А1он.