Повторно пламнуваат бројките на заболени од ковид 19. Пандемијата не се стишува а викендов малку помал број на регистрирани заболени.
Во Скопје има најголем број на активни случаи, или 5.695 заразени со Ковид-19.
Прилеп полека се приближува до 900 заболени, следни се Куманово и Тетово со по 824 односно 410 активни случаи соодветно.
Зголемениот број на нови заболени од Ковид-19, ги зголеми и активираше болничките капацитети.
Повторно се отворија ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.
Во овој момент на ниво на држава има вкупно 11.640 активни случаи додека дијагностицирани со вкупно 112.646 лица од почетокот на пандемијата.