Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ кој поради епидемијата на корона вирусот беше пренаменет во Ковид центар 2- и за возрасни пациенти, освен децата, со почетокот на новата учебна година која официјално треба да почне на 1.октомври ќе биде во функција само за најмладите пациенти, доколку вториот, односно најавуваниот есенски бран ги зафати и нив, истакнува во разговор за Фактор, директорот на оваа здравствена институција, д-р. Ангелчо Андоновски.
Институтот за белодробни болести кај децата „Козле“ секогаш давало и ќе дава придонес за здраствената грижа на нашите деца, како и кога беше епидемијата со морбилите така и оваа пандемија на КОВИД 19, брзо и професионално беше дочекана. И борбата се уште трае, но секогаш сме подготвени да учествуваме и да победиме. „Козле“ заедно со Министерство за здравство повторно се подготвува со стратегија која ќе биде бедем за справување со напливот на малите пациенти. Ковид 2 центарот за адулти, сега во овој период со почетокот на школската година ќе биде префрлен за да можеме да се посветиме на децата доколку овој втор бран ги зафати и нив. Да се надеваме дека со целото искуство кое го имаме ќе се справиме најпрофесионално и дека ќе одговориме со сите сили на оноа што не очекува но секако подготвени и со голем елан, вели д-р. Андоновски.