Македонија 03. јануари 2021. / 11:57

Ковачки за прочистување на судството: Со други зборови ќе се чистат оние кои не им се под контрола

Ковачки за прочистување на судството: Со други зборови ќе се чистат оние кои не им се под контрола

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ во статус на Фејсбук вели дека прочистувањето на судството со оглед на тоа кој ќе го прави со други зборови може да се каже дека ќе се дисциплинира судската власт и ќе се чистат оние кои не им се под контрола.

„Ќе го прочистувале судството. Празни флоскули и оправдување за чистки на сите што не им се под контрола, или со други зборови начин за дисциплинирање на судската власт од страна на извршната“, пишува Ковачки.

Тој вели ако се толку искрени во намерата нека почнат со ревидирање на најголемиот скандал со докажано рекетирање во Македонија.

„Двајца од сликава се со правосилни затворски казни (погодувате кои), но што правиме со третото лице (и за тоа погодувате кое е), дали барем го повикаа во обвинителство за да даде исказ и да се расчисти дилемата, има или нема вмешаност? За што е разговарано или договарано на таа средба? Визија, провизија, реформа или слично? Во духот на транспарентноста, јавноста има право да знае дали и колку пати досега е преминат Рубиконот од страна на чесните кадри-министри“, истакна Ковачки.

Ќе го прочистувале судството. Празни флоскули и оправдување за чистки на сите што не им се под контрола, или со други…

Posted by Драган Ковачки on Sunday, January 3, 2021