Изненаден сум од нивото на искомплексираност на политичарите покрај Вардар, кои сметаат дека го докажуваат македонскиот етнички идентитет на Гоце Делчев, споделувајќи го дописот од 26.05.1903 година, каде пишува дека е убиен македонски водач, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковечев за изјавите на македонски политичари и на пишувањата на македонските медиуми кои пренесоа информација од бугарски дописник на „Њујорк тајмс“ кој на 26 мај 1903 година пишувал за загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Европратеникот потсетува дека „само две недели порано, на 11 мај 1903 година, истиот весник пишувал дека бил убиен бугарски револуционерен водач“.
Информацијата објавена на посочениот датум е со наслов „Македонски водач е мртов“, а во текстот стои „бугарски“ револуционер.
–Во тоа време, беше добро познато низ целиот свет (и политичарите во Скопје го знаат тоа, но лажат за политички придобивки) дека зборот македонски значи географска ознака, а не етничка. Македонци биле сите кои живееле во географската област на Македонија – етнички Бугари, Турци, Грци, Албанци, Власи, итн. Жално е што тие продолжуваат со овие смешни ‘докази’ и придонесуваат за уште поголема омраза и поделба, смета Ковачев.
Тој уште додава дека „нема голема разлика помеѓу сегашната власт и опозицијата. Тие се натпреваруваат да кажат поголема лага и да создадат поголема омраза кон Бугарија за да освојат одреден процент повеќе“, вели Ковачев кој пак потсетува колку Бугарија во измиатите 30 години ѝ помогнала наМакедонија.
Изумен съм от нивото на комплексирани политици край Вардар, които мислят, че доказват “македонска етническа идентичност”…
Posted by Andrey Kovatchev on Monday, December 28, 2020