Македонија 18. ноември 2019. / 13:47

Котевски: Разговорот меѓу Груевски и Јанакиески бил модифициран на 14 август 2013 година

Котевски: Разговорот меѓу Груевски и Јанакиески бил модифициран на 14 август 2013 година

На денешноторочиште за предметот „Насилство во Центар“ одбраната го испитуваше вештакот Мирослав Котевски, доктор по технички науки. Тој истакна дека снимката доставена до судот како доказ од страна на СЈО, согласно со записот од системот кога бил создаден разговорот меѓу, како што наведува СЈО поранешниот премиер Никола Груевски и тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бил остварен на 1 јуни 2013 година, но потоа бил модификуван на 14 август истата година во 12 часот.

На прашање на одбраната што значи модификуван, Котевски истакна дека можело да биде скратен, копиран, променет. Исто така, истакна дека постојат многу едноставни алатки достапни на пазарот кои овозможуваатмодификација на снимките.