„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гласно навиваат да не добиеме датум за преговори и нашата земја да не ги започне проговорите со ЕУ. Сите соработници на Мицкоски со јавни изјави дејствуваат против државните и интересите на граѓаните“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ .
Тања Каракамишева, советничката на Мицкоски, јавно побара од државите членки на ЕУ да не дозволат да ги започнеме пристапните преговори. Токму Каракамишева Мицкоски ја носеше на лидерските средби како негова десна рака.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски исто така јавно се залага за недобивање датум за почеток на преговорите со ЕУ. Николоски нема никакво право да зборува за стандарди на ЕУ. Александар Николоски е човекот кој вечерта на 27 април беше покрај Груевски, во Виена, вели Костадинов.