Откако вчера пратеникот Димитар Апасиев ја скандализираше јавноста со својата објава на „Фејсбук“ која се однесува на вицепремиерката, Радмила Шекеринска, се појавија првите реакции.
Неговиот колега, исто така пратеник, но и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов, му порача на Апасиев дека е фашист, но и го упати да ги врати парите што ги земаше од Специјалното јавно обвинителство, каде што беше соработник.
„Се моли Апасиев да иде во 300 СЈО и да ги врати парите народни што ги земаше од таму.
Такви фашисти, на државата не и требаат“, напиша Коста Костадинов.
Вицепремиерката Шекеринска уште нема реакција на неговиот пост, барем не на социјалната мрежа „Фејсбук“.
По големиот број реакции во јавноста, уште се нема огласено ни Апасиев, а неговиот статус се уште стои на неговиот профил на „Фејсбук“.