Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, ја коментира одлуката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да не се кандидира на Изборните листи, како обид да избегне соочување со Зоран Заев во четвртатата иборна единица.
– Христијан Мицкоски е свесен за поразот што го очекува на 12 април од граѓаните и затоа бега од изборно соочување со претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Изборната единица 4.
Со ваквото бегање од претедателот Заев извршителот Мицкоски сака да побегне од одговорноста за изборниот пораз на 12 април.
Извршителот Мицкоски сака да се спаси од оставка во партијата и одговорноста за неговата неспособност да ја префрли врз други од неговата партија – изјави Костадинов.