Во интревју за Економист, Макрон потврдува дека „сите во ЕУ биле за преговори” со Македонија, изјави Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ и пратеник
Целиот западен демократски свет порача дека Северна Македонија сторила се, а одлагањето на датумот било историска грешка. Дури и Емануел Макрон вчера во интервју порача дека сите земји членки биле сложни да ги започнеме преговорите со ЕУ. Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ останаа да се радуваат на историската грешка на ЕУ.Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски останаа да работат против ЕУ и НАТО, следејќи ги инструкциите на Груевски од Будимпешта. Тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, анти ЕУ и анти НАТО дејствување, обнова на режим и враќање назад во изолација. Со таква понуда можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12ти април. Граѓаните уште еднаш ќе поразат нивнот деструктивно однесување и на 12ти април ќе потврдат дека државата е на прав пат, изјави Костадинов