Македонија 03. јануари 2021. / 19:48

Костадинов апелира на формирање солидарен фонд за опожарените од „Глобал“

Костадинов апелира на формирање солидарен фонд за опожарените од „Глобал“

Портпаролот на СДСМ и поранешен в.д градоначалник на Струмица, Коста Костадинов, апелира на оторање солидарен фонд за помош за оштетените граѓани чии продавници останаа пеплосани во пожарот во трговскиот центар „Глобал“.

Предлага оштетените да бидат ослободени од плаќање фирмарина во следните две години.

– Пред се како човек, секако и како поранешен советник и ВД градоначалник на општина Струмица, чувствувам должност и обврска да ги повикам моите струмичани на солидарност, која во Струмица секогаш постоела. Се приклучувам на апелот на премиерот Зоран Заев да сите оние компании кои располагаат со механизација и човечки капацитети, се вклучат и помогнат при самото расчистување на ТЦ Глобал. Секако сите да се солидаризираме и да помогнеме во заживувањето на економијата во самиот Глобал и на луѓето кои лебот го вадат од таму, напиша Костадинов на Фејсбук.