Македонија 16. мај 2019. / 15:02

Костадин не се грижи за кокаинот на Павле – бара да се најде снимачот

Костадин не се грижи за кокаинот на Павле – бара да се најде снимачот

Од СДСМ очекуваат надлежните институции да го разоткријат случајот со незаконското снимање, но и емитување на снимка која предизвика реакции и барање оставка од пратеникот Павле Богоевски, откако одекна снимен разговор на социјална мрежа од профил со псевдоним „Илија Громовник“, за која Богоевски тврди дека нарачува масло од канабис.

– Очекуваме сите надлежни и засегнати институции да постапат и да го разрешат случајот, особено и околу неовластеното снимање и емитување. Што се однесува до моралните аспекти, тие се на личната совест и одговорност на секој пратеник. Законите важат за сите подеднакво. – вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Инаку на снимката се слуша како пратеникот нарачува дрога. И самиот Богоевски ја потврди автентичноста на аудиото, по што јавноста бурно реагира и масовно бара негова оставка.