Македонија 16. ноември 2019. / 14:28

Косовска пратеничка го обвинува Заев за лицемерие поради љубовта што сега ја има кон Русија

Косовска пратеничка го обвинува Заев за лицемерие поради љубовта што сега ја има кон Русија

Пратеничката во Косовскиот парламент од движењето „Самоопределување“ на идниот косовски премиер, Албин Курти, индиректно го обвинува Заев за лицемерие.

Скопјанката Влера Ѓакова која е блиска соработничка на Курти се чуди како Заев фрлаше со дрвја и камења по Путин а сега го менува ставот.

– Од Русија со љубов: Односите со Москва за Зоран Заев сега се пријателски иако ја обвини за државен удар! – пишува Ѓакова која беше дел од тимот на кандидатот за претседател Блерим Река на последните избори.