Починала жената заболена од коронавирус која на 7 март годинава од Дебар беше трансферирана на Инфективната клиника, дознава Фактор.
Хоспитализиран е и нејзиниот сопруг. Сопружниците беа дијагностицирани како позитивни на 6 март. Тие на 27 февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија, пишува Фактор.
Првично беа стабилни, но на жената и се влоши здравствена состојба и беше поставена на респиратор. Таа е всушност третата жртва од коронавирус во Македонија.
Жената имаше 62 години. Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.