Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот ќе имаат координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со корона вирусот.
Лидерите на сите партии го потврдиле присуството на состанокот, а со нив ќе понесат уште по еден партиски претставник.
Политичките партии до денеска на 12 на полноќ треба да ги достават изборните листи за шестте изборни единици за претстојните предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 12 април, согласно роковникот, кој го објави Државната изборна комисија за активностите во пресрет на изборите.
Од Владата на брифинг со медиумите завчера порачаа дека во врска со состојбата со корона вирусот не треба да профитира политички.
За лидерската завчера потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Лидерска средба за состојбата со коронавирусот ќе се одржи в четврток во 13 часот – информира лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки, по седницата на Централниот комитет на која беа објавени кандидатите за пратеници и носителите на листите за претстојните предвремени парламентарни избори.
Тој рече дека на средбата ќе биде придружуван со некој од сопартијците кои се одговорни за ресорот здравство.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање, нагласи дека не може да се каже дали ќе се одржат изборите. Согласно роковите изборната кампања треба да почне на 23 март.
– Веројатно да ни укаже на нас лидерите, а да пренесеме и на коалициските партнери каков вид кампања е дозволива и што е препорачливо како да се придржуваме до сите задолженија, како и оние препораки што се од страна на државните институции за да можеме да го исполниме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, да ги промовираме нашите програми, нашите кандидати, визии и слично, а притоа да се испочитуваат сите задолженија и препораки од државните институции, тоа е целта – посочи Заев.