Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, призна дека е ортак со кумот на Мијалков! Со тоа ги потврди вчерашните тврдење на ,,Лидер” кој прв објави за оваа афера.
Плацот за кој што зборуваат тие е купен во 2006 година од страна на мојот родител. Кога Жарко Лукоски бил обичен бизнисмен и купено е како градежно земјиште, меѓутоа со поништување на планот на тој потег таму од градежно земјиште е трансферирано во пасиште. И така стои сега во имотниот лист. Ако малце ги знаат законите ќе им биде јасно дека локација/плац које е помал од 20 000 метри квадратни не може да се направи физичка делба а тоа е плац од 5000 метри квадратни и поради тоа на имотниот лист стои име Жарко Лукоски и јас, а јас сум го добил како подарок од мојот родител кој на времето го купил со Жарко Лукоски, изјави за Алфа денеска Георгиески.
Повеќе за веста од вчера може да прочитате на следниот линк (ВИДЕО) БОМБА ПРЕД ИЗБОРИ: Кандидатот на СДСМ за Охрид е ортак во милионско земјиште со Луковски – кумашинот на Мијалков!