Македонија 28. јануари 2021. / 14:11

Коњановски: Спиро Ристовски во 2016 и 2017 година не беше дел од партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ

Коњановски: Спиро Ристовски во 2016 и 2017 година не беше дел од партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ

На денешното рочиште за настаните од „27 април“  сведочеше поранешниот заменик министер за земјоделство и министер за одбрана Зоран Коњановски. Тој како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ објасни какви биле позициите на Спиро Ристовски во периодот кога се случуваа протестите.

-Ристовски во 2016 и 2017 година немаше партиски функции и не беше член на ниту едно тело бидејќи како поранешен член на ВМРО Народна имаше политичка дамка-рече Коњановски.

На прашањето на обвинителката Вилма Рускоска како тогаш Ристовски бил министер и заменик министер,  Коњановски одговори дека во владите на ВМРО-ДПМНЕ имало и министри кои претходно биле членови на други партии,  па и на СДСМ.