Македонија 20. февруари 2020. / 20:51

Конфузните состојби во МВР- тема на средбата меѓу синдикатот и раководството

Конфузните состојби во МВР- тема на средбата меѓу синдикатот и раководството

На барање од Македонскиот полициски сидикат денеска  претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар Киро Трајковски остварија два одделни работни состаноци од кои еден со Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и другиот со дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, информираат од Синдикатот.

Средбите беа иницирани од страна на Македонскиот полициски синдикат а како причина ја наведуваме актуелната состојба во Министерството за внатрешни работи на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на Министерот за внатрешни работи и нивно поништување од страна на Владата на Република Северна Македонија со што сите вработени во Министерството се доведени во една конфузна и збунувачка состојба што им преставува сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос, соопштуваат од македонскиот полициски синдикат.

Од страна на раководството на МПС на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска им беше пренесен ставот на Македонскиот полициски синдикат дека највисоката цел на МПС е заштита на правата од работен однос на вработените, истовремено грижејќи се и за угледот на Министерството за внатрешни работи и интегритетот на полициските службеници, поради што како единствен репрезентативен синдикат во МВР и организација во која членуваат со над 8500 членови чуствуваме и морална одговорност да укажеме на погопренавените состојби и потребата од нивно итно надминување.

Од таа причина, а се со цел итно надминување на актуелната состојба во Министерството ние како Македонски полициски синдикат предложивме во текот на утрешниот ден во наше присуство и наша Медијација да се одржи состанок за што искрено сме благодарни и на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и на дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска за прифаќањето на нашата иницијатива, потенцираат од Синдикатот.