Македонија 07. август 2020. / 13:36

Коневски поднесе тужба против Стоилковски, Стоилковски очекува „комшијата“ да ја докаже клеветата

Коневски поднесе тужба против Стоилковски, Стоилковски очекува „комшијата“ да ја докаже клеветата

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој за ова објави статус на својот ФБ профил.

Денеска поднесов тужба за клевета против портпаролот на Христијан Мицкоски, Наум Стоилковски, кој е финансиран од партијата да шири лаги во интерес на неговиот шеф. Мицкоски на тој начин посегна по моја лична дискредитација, а тоа ја покажува единствено неговата немоќ да се соочи со конструктивните критики кои му ги упатив по изборниот пораз.

Со ваквото однесување Мицкоски уште еднаш потврди дека нема никаква почит кон сите досегашни функционери на партијата, мои почитувани сопартијци, како и кон оние кои недвосмислено и со најискрени намери побараа негова оставка од претседателската функција по неуспехот што го доживеа на парламентарните избори.

Јас сум сигурен дека за многу кратко време Стоилковски јавно ќе ми се извини за искажаните лаги, а сакам да верувам и дека Мицкоски на крај ќе го одржи дадениот збор пред целата македонска јавност, ќе покаже минимум доблест, достоинство, морален и демократски капацитет и сам ќе си замине од претседателското место на партијата, напиша Коневски.

На ова, исто така со статус на ФБ, возврати портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој, пак, напиша:

Пренесети му на „комшијата“ Ивица Коневски, чиј што демократски капацитет е блокирање фб, дека е редно да остави коментирање. Којзнае колку деца му ангажирале да му „кречат коментари“.

А, тоа што ме тужи не значи и дека има основа. Сега ќе треба да ја докажува клеветата.

Комплексите испливуваат и во текстот на тужбата, каде во прва реченица морал сам да се испофали. А, заради тој успех загуби со 4.000 гласа!

Полека „комшија“, има уште!

На пример, да јажеш колку ми се плеткаш низ маало?

И Ивица, јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, чиј што Претседател е проф. д-р Христијан Мицкоски.

П.С. „Комшија“ се замислил дека е достоен проф. д-р Мицкоски да се занимава со него.

Ивица Коневски тужбата за клевета ја поднесе, откако Стоилковски обелодени дека тој купува деловен простор од над 300 метри квадратни во новиот објект кај Мајчин дом во Општина Аеродром.