Одлуката за раскинување на договорот за рудникот Иловица е политичка, смета концесионерот Еуромакс Ресорсис. Бараат средба со премиерот Заев, спогодбено да се надминат недоразборањата, во спротивно најавуваат тужба и милионски суми оштета.
Велат дека до сега инвестирале 50 милиони евра, планиралае да вложат уште 350 милиони евра, да вработат 1.000 лица и уште 2,700 индеректни вработувања.
Владата пред два дена еднострано го раскина договорот со Еуромакс Ресорсис, поради непотполна документација за издавање дозвола. Од Еуромакс велат – сите документи се доставени – доцневме поради неможноста и неработењето на државните административци во министерствата.
Вицепремиерот Анѓушев вели дека се уште не го добиле барањето за средба, но сигурно имале силни аргументии за раскинување на договорот.
Денеска одлуката е објавена во Службен весник и веќе решението е правосилно.