Откажувањето на традиционалното одбележување на големиот христијански празник поради епидемијата на Ковид-19, како и казните за групирање што полицијата им ги напиша на групата од педесетина охриѓани кои, сепак, влегоа во водите на Охридско Езеро, измамија реакција од охриѓани.
На местото од каде се фрла традиционално чесниот крст во осветените езерски води и на ѕидините на Долна порта, утрово осамнаа транспаренти, во знак на негодување кон мерките поради кои за прв пат по 1990 година е прекината традицијата на масовно одбележување на празникот Водици во Охрид.
-Комунизам било, ова не било, пишуваше на еден транспарент.