Навивачката група „Комити“ за утре најави протест кој ќе започне од плоштадот на „Автокоманда“ во 19 часот и 30 минути, протестниот марш во чест на Никола Саздовски – Саздо кој почина откако беше претепан на автобуска постројка во Авокоманда.
„Понеделник 16.07. 2018, плоштадот во Автокоманда, во 19.30 часот започнува протестниот марш во чест на Никола Саздовски – Саздо. Ве повикуваме сите Комити, сите добри луѓе, секој што се чувствува како Македонец, од секој дел на Македонија да дојде заедно со својата фамилија, со пријателите и во еден мирен и достоинствен марш да го дигнеме гласот против неправдата. Да им докажеме на “европејците” дека ние сме различни и сме поцивилизирани од “другите”.
Протестниот марш ќе се движи до Основното Јавно Обвинителство, каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе запалиме свеќи во чест на нашиот брат.
Уште еднаш ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело.
ПРАВДА ЗА САЗДО !!!“ напишаа на својата фејсбук страна