Режимот се чувствува загрозен.Режимот чувствува дека народот се обединува. Режимот режира пропаганда со цел да го разедини и разнебити народот. Режимот живее само кога народот е поделен.Режимот не снима кога се веселиме и навиваме, напиша на Фејсбук навивачката група на Вардар, Комити.
Режимот го казнува нашето навивање и нашата црвено-црна љубов.Режимот потенцира дека казните ги пишува поради “каменувањето на полицајците” – лажните лиферувани вести креирани и пренесени преку средствата за масовно информирање кои му се под целосна контрола. Полицајците во Кратово дезинформациите ги примаат ко информации и се однесуваат согласно тоа, односно Комитите ги гледаат како непријатели.Режимот ги оддалечува режимските механизми на принуда од народот преку нивно разграничување и оддалечување едни од други, затоа што обединет народот може да се сврти против режимот.Народот го прават непријател, а потоа на механизмите на принуда народот им станува легитимна мета.Режимот применува селективна правда со цел остварување на личните интереси, заштитата на сопствениот капитал, и ништење на личните непријатели.Режимот наредува – “слугите на режимот” спроведуваат! Режимот апси – Режимот казнува селективно!Да живее режимот или Смрт за Режимот !До нас е, не е до нив !Македонци Обединете се !!!, напишаа Комити на Фејсбук.