Апартхејд… Кога државотворниот и автохтон народ во својата држава е целосно подреден да служи на интересите на едно малцинство, претставувано од агресивни фрустрирани од детството ликови…пишува во објавата на Фејсбук на навивачката група Комити
Кога гласот на мнозинството е целосно небитен за тоа во кој правец ќе се движи нивната земја, бидејќи едноставно малцинството ќе се закани со војна… Кога извршната власт, а потоа законодавната и судската се под целосна контрола на личности докажано нелојални на земјата во која живеат, и шансите за хиерархиски напредок во кариерата се право пропорционални со количината на омраза изразена кон домицилното население во земјата која го одгледала… Кога де-факто државата има прв и втор човек, но де-јуре и во реалноста тоа е Артан Груби, кој го заслужи тоа место затоа што животот го посвети да ја мрази земјата во која се родил… Кога живееме во време на искривени вредности и моралот е паднат под нултата точка…Ќе има ли крај на оваа бесмисленост и неправедност?Ќе има ли крај на оваа подреденост?Станете Македонци ! Слободата нема цена!, пишува во објавата на навивачката група Комити.