Македонија 13. октомври 2020. / 13:16

Комисијата за заразни болести размислува за скратување на работното време

Комисијата за заразни болести размислува за скратување на работното време

Денеска на редовниот состанок на Комисијата за заразни болести не се донеси нови препораки во однос на ширењето на болеста. Она што веќе е познато е дека членовите на Комисијата очекуваат од Владата на денешниот состанок да ги прифати нивните препораки од минатата недела.

Денеска немаше ништо посебно на состанокот. Се дебатираше околу тоа од каде е толкавиот број на новозаразени, но за сега не одлучуваме за други рестриктивни мерки, освен за оние кои ги препорачавме минатата недела, а кои очекуваме денеска Владата да ги усвои. Во зависност од актуелната состојба и епидемиолошката слика на земјава, можеби ќе размислиме евентуално за намалување на работното време, но не само на кафеаните и угостителските објекти, туку скратувањето на работното време, реазмислуваме да биде за сите, и пекарници, и рестораните за брза храна, и маркети и молови, велат денеска од Комисијата за заразни болести за Фактор.