Македонија 10. август 2020. / 17:59

Комисијата за заразни болести денеска не донесе одлука за конечниот модел на спроведување на наставниот процес

Комисијата за заразни болести денеска не донесе одлука за конечниот модел на спроведување на наставниот процес

Комисијата за заразни болести денеска не донесе одлука за конечниот модел на спроведување на наставниот процес.

Како што соопшти Министерството за здравство, се дискутирало за здравствените протоколи за реализација на наставата и можноста за започнување на учебната година од 1 септември, но бидејќи се бара најдоброто и најбезбедно решение за учениците и сите вработени во образованието, не е донесена никаква одлука.

Комисијата утре повторно ќе разговара за истите протоколи заедно со претставници на Министерството за образование.