Македонија 08. јуни 2020. / 09:25

Комисијата денеска треба да одлучи за евентуално нов полициски час

Комисијата денеска треба да одлучи за евентуално нов полициски час

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе треба да се одлучи дали и понатаму ќе важат дел од рестрикциите, односно дали ќе има полициски час.

80-часовниот карантин, кој почна во четвртокот од 21 часот, а траеше до денеска до 5 часот, важеше за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце ќе бидат во карантин.

Во сите останати градови граѓаните можеа да се движат до 16 часот. Забранета беше посета на гробиштата на целата територија на државата до денеска до 5 часот наутро.

Владата оваа одлука ја донесе во средата, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот.