Македонија 29. април 2019. / 18:33

Колони на граничните премини за влез во земјава – најдолго се чека на Богородица

Колони на граничните премини за влез во земјава – најдолго се чека на Богородица

Околу 30.000 граѓани на Македонија решија неработните денови за велигденските празници да ги поминат во Грција па денес со последниот ден најголем дел од нив се враќаат во земјата, а дел ќе останат уште два дена спојувајќи ги овие со неработниот дена за први мај.

На граничниот премин Богородица, кај Гевгелија е најголема гужва и според сегашните информации за влез во Македонија се чека повеќе од еден час.

Фото: Фактор