Македонија 02. април 2020. / 18:30

(ФОТО) Колона од два километри на Деве Баир: Камионџиите заглавени поради снегот на теминалот

(ФОТО) Колона од два километри на Деве Баир: Камионџиите заглавени поради снегот на теминалот

Камионџии заглавени на граничниот премин Деве Баир се жалат дека до денеска околу 13 часот не бил исчистен снегот на терминалот од македонската страна поради што се создала долга колона и тие немаат каде да паркираат.

Тие нервозни велат дека меѓузоната е полна, а редицата со камиони е долга речиси два километри.

Според извори во Царинската управа, станува збор за стандардна процедура на неколку гранични премини поради наврнатиот снег, односно не може да се прошпуштаат камионите додека снегот не биде добро исчистен и не биде безбедно да се вози.

Транспортерите, пак, затекнати на македонската страна, во разговор со полицијата, неофицијално биле информирани дека системот на царина бил паднат.

Камионџиите се жалат дека за влез во Бугарија е потребно 20-30 минути за да помине само еден камион, а за влез во Македонија и подолго, што вообичаено не е случај.

Од вчера од 18 часот до денеска до 18 часот, велат поминале  само околу 30-тина камиони, поради што некјои од нив се заглавени на границата и по речиси 24 часа.