Македонија 14. септември 2019. / 20:55

Kолевски: Советот на јавни обвинители едногласно го усвои предлогот за разрешување на Јанева

Kолевски: Советот на јавни обвинители едногласно го усвои предлогот за разрешување на Јанева

Членовите на Советот на јавни обвинители едногласно го усвоија предлогот за разрешување на Катица Јанева, поднесен од Собранието.

Советот на јавни обвинители на денешната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е третоосомничена за случајот „Рекет” и се наоѓа во притвор. За нејзино разрешување гласаа сите осум пристуни членови на Советот на вонредната седница.

Советот на јавни обвинители на денаешната седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален јавен овинител Катица Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење – изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски по завршувањето на седницата.

Тој посочи дека в понеделник ќе продолжи седницата на која ќе се расправа за обвинителите во Специјалното јавно обвинителство кога ќе биде констатиран престанок на нивниот мандат.

Одлуката за разрешување на Јанева, додаде, стапува на сила со денешниот ден и ќе биде објвена во службените гласила.