Македонија 16. мај 2020. / 14:19

Кој функционер вршел притисок врз Обвинителството за Дончев?

Кој функционер вршел притисок врз  Обвинителството за Дончев?

Јавната обвинителка Вилма Русковска вчера потврди дека се води истрага за екс директорот на Фондот за здравство и рече дека не знае дали Ден Дончев е во Македонија, пишуца expres.mk.

Она што Русковска го премолче пред новинарите е дека таа како дел од обвинителството добила барање за ставање на Ден Дончев на таканаречената “Стоп” листа за да не може да ја напушти Македонија.

Како што брифираат извори во обвинителството барањето за обезбедување на Дончев за да не може да избега е примено пред неколку месеци но тоа не било прифатено откако против бил висок функционер во една политичка партија, пишува Експрес.

Според изворите барањето на МВР за спречување на Дончев да ја напушти Македонија било добро аргументирано но обвинителството било под силен притисок да не го става тогаш актуелниот директор на Фондот на листата за забрана на напуштање на Македонија.

Со признанието дека се води истрага и самата Русковска признава дека имало добри аргументи за блокада на патување на Дончев во странство.

Доколку се утврди дека Дончев сега ја напуштил државата еден обвинител соработник на Русковска и самата таа се соочуваат со истрага за неспроведување на барањето од МВР.

Што изјави за Дончев обвинителката Русковска: