Македонија 05. април 2018. / 13:43

Кој доцни повеќе, Груевски или судиите?

Кој доцни повеќе, Груевски или судиите?

Натегања во судските рочита на експремиерот Никола Груевски: Кој доцни повеќе? Груевски или судиите? Новинарите кои ги следат случаите забележуваат дека во просек судиите доцнат на рочиштата во 7 од 10 случаи.

Некогаш по 5 или 10 минути но некогаш знаат да се задржат по 15, 20 или повеќе.

Тие смеат да доцнат, но, доколку го начекаат Никола Груевски да задоцни некоја минута повеќе, тогаш не пропуштаат прилика да го опоменат за да биде дисциплиниран и да доаѓа на време.

Судската фела коментира дека во праксасудиите кои најмногу доцнат, секогаш јавно опоменуваат ако некој задоцни повеќе од нив, веројатно сакајќи да си ја тргнат мувата од капата.

На денешното рочиште против Груевски, судијата Ставрев задоцни точно 7 минути, но не пропушти прилика да го опомене Никола Груевски кој задоцни неколку минути повеќе, иако судењето сеуште не беше почнато бидејки судијата проверуваше неколку процедурални работи и доцнењето на Груевски со ништо ниту го одложи ниту забави процесот.

Груевски се извини но во публиката и меѓу дел од новинарите остана да виси во воздух прашањето: А Вие судиите, ќе се извините ли еднаш кога ќе задоцнете?

Не е морално и етички да опоменувате за тоа што и Вам Ви се случува често, можеби и почесто одколку на другите, и особено кога не влијае на процесите, не е причина да ги одложи или забави макар и за 1 секунда. Освен ако немате други цели кои не се само правни. – говореа новинарите помеѓу себе.

Веднаш по опомената до Груевски дека задоцнил неколку минути, судијата заради сосема други процедурални прашања прогласи пауза, нагласи дека ќе трае 15 минути и побара никој да не ја напушти судницата. Паузата наместо 15 минути трае веќе 45 мин. И којзнае уште колку ќе трае.